МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА !

Пишува:
Живко Јанкулоски

Работел неработел сите исто !

Можам да разберам да се преполоват платите на Претседателот, сегашен и поранешни и нивните буџети кој и онака не ќе можат да ги реализираат оваа година, Пратениците, Премиерот и советниците на Премиерот, Министрите, Градоначалниците, Пензионерите што имаат пензии повисоки од просечната плата, Административци кој седат дома и земаат плата, а никако неможам да се согласам и за останатите кои одат на работа или на друг начин ( електронски) си ги извршуваат обврските да бидат изедначени со претходните. Кај овие категории може да се скратат до одреден процент (најмногу до 30 % ), но не и да се изедначат со претходните. Има административци, службени лица во јавни установи, просветни работници, инспектори и сите останати кој секојдневно и со зголемен обим, ги извршуваат обврските, не треба да подлежат под овие мерки, туку евентуално да подлежат на некој солидарни минимални намалувања, а најмногу до 30 % ( и така кај нив се минимални или блиску околу просек).


А да прашам и истовремено ги повикам, кај се оние најголемите богаташи кои секоја година се на листата најбогати (први 5, 10, 20, 50 на ранг листата најбогати) и оние кој земаат баснословни месечни и годишни примања, да помогнат во оваа тешка ситуација во Македонија, да издвојат по неколку милиони евра и повторно би биле големи и уште побогати.

Да не ги заборавиме и другите извори на помош, како на пример планираните финансиски средства од Буџетот за 2020 година (3,6 милјарди), а предвидени за работи кои очигледно не ќе можат да се исполнат, како и репрезентации, патувања, гориво за службени возила (треба да се паркираат), фонд за иновации да се пренаменат, милионите од рекетот итн.

Јасно кажувам сум за солидарност во оваа тешка ситуација, но мора сите граѓани помалку или повеќе да учествуваме и дадеме допринос во борбата против ова зло, на крај да излеземе победници сите.
Значи, предлагам да се наградат сите оние што се вклучени во борбата за спасување на животот на граѓаните, да се издвои од сите останати, а да не остане ниеден без финансиска помош во оваа тешка ситуација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *