Владата ги замрзна цените на јужното овошје – за злоупотреби можни се и затворски казни

Министерството за економија апелира граѓаните кои ќе забележат енормно зголемување на цените да пријават во Државниот пазарен инспекторат

Замрзнувањето на цените следува откако, по прогласувањето на пандемијата трговците ја зголемија продажната цена на јужното овошје, па цената на лимонот на пример, драстично се зголеми на 180 денари по килограм.

Како што информираат од Министерството за економија донесена е одлука за замрзнување на цените на лимонот, портоколот, мандарината, грејфрутот и клементините.

-Според податоците добиени од Царинската управа на Северна Македонија за период од 11.03.2020 година до 19.03.2020 година увозната цена на портокалите се движи од 15 денари за килограм до 29,7 денари за килограм. Најизразена е маржата кај лимоните со оглед на тоа што увозната цена се движи од 32,3 денари по килограм до 45 денари по килограм. На ден 19.03.2020 година увозната цена на лимонот била 35 денари по килограм, а малопродажната цена достигна и до 180 денари по килограм- информираат од Министерството за Економија .

Од Министерството за економија апелираат граѓаните кои ќе забележат енормно зголемување на цените за овие производи да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Казните за оние кои ќе ги прекршат одлуките на Владата се движат до 5 000 евра, како и казна затвор согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

извор 360.степени

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *