Македонска православна црква со соопштение до верниците

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), будно следејќи ја новонастанатата ситуација, со зголемувањето на бројот на случаи заразени со коронавирусот COVID-19, повторно упатува дополнителен апел со цел доследно да се почитуваат мерките преземени од нашата Влада, особено оние што се однесуваат на јавните собири, повиците за самоизолација, како и сите други активни мерки од Министерството за здравство и од Центрите за јавно здравје во подрачните единици на нашата земја. Рестриктивните мерки во однос на богослужбениот циклус треба да бидат усогласени во духот на овие владини вонредни мерки, а секој епархиски архијереј да ги усклади соодветно на реалната ситуација во неговата епархија, во духот на словесноста, просветлението, трезвеноумието и сопствената одговорност.Ги повикуваме сите верни чеда на МПЦ-ОА, во татковината и во дијаспората, стриктно да ги запазат мерките за ограничување на заразата, наложени од државните власти.

Сега е време, не за паника, туку за одговорност и кон себеси и кон ближните, устројувајќи го своето семејство во домашна црква.Во овие великопосни денови, во молитвите особено сме со заболените во инфективните одделенија, со здравствените работници, болничкиот персонал и со сите оние кои саможртвено се борат за надвладување на пандемијата.Да бидеме внимателни и одговорни!

Божјиот благослов да биде со сите нас. Канцеларијата на Светиот архиерејски синод наМакедонската Православна Црква – Охридска Архиепископија 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *