Шпанскиот Сенат преку видео конференција гласаше за ратификување на протоколот на Македонија во НАТО (Видео)

Шпанскиот сенат само што го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Република С Македонија во НАТО со нула гласови против. Во оваа прилика би сакал во името на Владата и на сите македонски граѓани да изразам благодарност до Шпанија и воедно да им честитам и на македонските граѓани за овој заеднички успех што дојде како резултат на истрајност и решителност за храбри одлуки и посветеност. Со тоа завршуваме еден тридецениски процес, напор, стремеж да бидеме дел од северно-атлантското семејство“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров веднаш по денешната ратификација на пристапниот протокол за членство на Република С Македонија во НАТО, од страна на Горниот дом на шпанскиот парламент (Сенат), која заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера и со претставниците на медиумите беше проследена во живо од Владата на Република С Македонија.

Со ова се заокружува ратификацијата на протоколот од сите 29 земји членки, по што следи и депонирањето на инструментот во Вашингтон, со што формално-правно С Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Амбасадорот на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера во својата изјава за медиумите истакна: „Како амбасадор на Шпанија во Скопје ми претставува големо задоволство усвојувањето од страна на Сенатот на Шпанија на законот за ратификација на протоколот за прием на Република С Македонија како 30-та членка на НАТО. Шпанија и Република С Македонија ќе станат и формално сојузници, што веќе де факто и се, продлабочувајќи ги на тој начин пријателските билатерални односи, од кога неговото височество, кралот на Шпанија ќе го потпише законот и инструментот за ратификација ќе биде депониран во Вашингтон, што секако ќе се случи набргу.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *