И ПОКРАЈ ПАНДЕМИЈАТА, САД СО НАЈГОЛЕМА ВОЕНА ВЕЖБА ВО ЕВРОПА ОД АПРИЛ ДО АВГУСТ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Во политиката ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано.Додека светот и Европа се окупирани со глобалната тема “коронавирус“, а американскиот претседател Доналд Трамп во услови на пандемија ги забрани сите летови од САД за Европа и од Европа за САД, на 7 европски аеродроми се истоварија околу 20.000 американски војници на кои ќе им се приклучат уште 10.000 американски војници веќе стационирани во Европа и 7.000 војници од други европски земји. Вкупно 37.000 вооружени, претежно американски, војници од 18 земји, со уште 14.000 воени возила, од почетокот на април до крајот на јули 2020 година ќе учествуваат во најголемата воена вежба во Источна Европа во последните 25 години “Европска одбрана 20“ (Europe defender 20)!

Иако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека оваа воена вежба не е насочена против Русија, неизбежна е алузијата поради нејзината локација и порака.Медиумите за оваа воена вежба се со оскудни информации. Но, нужно се поставува прашањето, зарем за војниците на САД не важат препораките на Светската здравствена организација поради коронавирус пандемијата?

Зошто европјаните не можат да се движат поради ризик по здравјето и животот од коронавирусот, а американските војници се отпорни и можат да се движат без никакви проблеми?

Ако, пак, американските војници се имуни на коронавирусот, дали тоа значи дека вирусот не е толку опасен или веќе постои вакцина?

Кина, сојузникот на Руската Федерација, пред неколку месеци потпиша договор со Италија за регулирање на односите во врска со трговијата во Средоземното Море, според кој Италија ќе биде во сојуз со Кина дури и при забрана од ЕУ, со што моќта на САД над Италија ослабнува. И можеби не случајно ниту една земја членка на ЕУ не и’ одговори со помош на Италија за спас од вонредната состојба со коронавирус, освен Кина.Чудни нешта се случуваат, далеку од очите на јавноста, потисната со страв од смртоносниот коронавирус.

Воената вежба “Европска одбрана 20“ е во надлежност на Европската команда на САД, една од двете борбени команди на САД, одговорна за Европа, делови од Азија и Блискиот исток, Арктикот и Атлантскиот океан. Командата е составена од околу 70.000 воени и цивилни лица и е одговорна за одбранбените операции на САД и односите со НАТО и 51 земја.

Дали ќе ја има најголемата воена вежба во Источна Европа во последните 25 години “Европска одбрана 20“ или не, времето ќе покаже, засега коронавирусот врз неа не влијае…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *