НАМЕСТО СРЕЌЕН 8 МАРТ

Осми март годинава е фокусиран на темата – еднаков свет е свет на можности. Овој ден нуди можност да размислиме за постигнатиот напредок, да повикаме на промени и да им оддадеме признание на сите чинови на храброст и решеност на обичните жени, кои одиграле значајна улога во историјата на нивните земји и заедници. Образованието е еден од начините за остварување личен развој и изградба на односите меѓу поедици, групи и народи, па поради тоа многу е значајно да му биде посветено доволно внимание. Во соочувањето со многуте предизвици кои не чекаат во иднина, човечкиот род во образованието гледа незаменливо богатство во обидот за постигнување на идеалот за мир, слобода и општествена правда. Секоја од нас, почитувани, вреди да се посвети на подобра професионална кариера преку подобро образование, вреди да и помогне на секоја до нас да стекне подобро и поквалитено образование, преку создавање услови за тоа, со директни заложби и личен пример.

Квалитетно образование на сите 4 страни на планетата, беше една од преднеколкугодишните заложби во светското одбележување на овој ден. Катастрофалната состојба во образованието мора да биде во центарот на обновата на Македонија. Тоа не се прави со приказни и ветувања како овие три години туку со директно зголемување на средствата за образование во буџетот од досегашните 3,7 на 5 проценти. Тоа гарантира вистински и темелни реформи во образованието, обнова и изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта, поголеми плати за професорите во основното и средното образование. Достоинствена плата за вложениот труд до 36. 700 денари согласно Колективниот договор кој оваа влада не го почитува и ги изигра на тој начин сите вработени во основното и средното образование, иако им ветуваше на цела уста.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски претставувајќи го планот за обнова во образованието уште истакна дека тој се темели и на повисоки плати на универзитетскиот наставен кадар. Воспоставената методологија ќе обезбеди до 100 000 денари плата за редовните универзитетски професори, до 80 000 денари плата за вонредни професори, до 60 000 денари плата за доценти и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораториски ресурси, но и мотивиран кадар. Почитувани, мора да заврши времето кога најголемите реформи во образованието беа груба партизација и приватизација, времето кога се поправаат само санитетски јазли и нема ништо од големите ветувања од оваа Влада во заминување. Квалитетно и достапно образование е најдобриот пат за економско осамостојување на жената, преку кој што таа сама си обезбедува силно и активно учество во јавниот живот и животот на заедницата.

Индивидуално, постојано сите сме одговорни за сопствените мисли и постапки. Да се исправиме пред стереотипите, да се бориме со пристрасноста, да ги прошириме перцепциите, да ги подобриме конкретно ситуациите и да покажеме гласно почит кон женските достигнувања. Секоја од нас може да помогне да се создаде родов рамноправен свет, а образованието нека биде нашиот заеднички старт. Подобро образование повеќе моности за жените.

Ајде сите да бидеме #EachforEqual.

Старт – образование, сега имаме шанса, да не ја пропуштаме.

д-р Анита Ангелевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *