ОК “ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ“ е во 1/4 финале од КУП на Македонија (Видео)

Пелистер Волеј победи над Македонија Макс 3:1 во сетови (21:25; 25:13; 25:13; 25:19).Домаќините демонстрираа моќ и имаа контрола во текот на целиот натпревар со полната сала на средното медицинско училиште “Д-р. Јован Калаузи“ – Битола .

Освен во првиот сет, во кој направивме неколку грешки и дадовме лесни поени на противникот, се понатаму одеше како подмачкано – ни изјавија од домашниот тим.
Во вториот и третиот сет имавме тотална контрола и доминација, додека по малата криза во четвртиот сет, со серија на добитни сервиси на Пејовска направивме пресврти и моќно го завршивме овај натпревар во наша полза.

Лидер во освоените поени денес беше нашата коректорка , Ања Ристевска со освоени 17 поени по 14 поени постигнаа : Ивана Белокозовска и Ева Трпеновска.


Последниот поен од синоќа за победа и влез во 1/4 финалеУште еднаш благодарност до публиката за огромната поддршка во полната салата на Јован Калаузи💪💪💪

Posted by OK Pelister Volej on Thursday, 13 February 2020
Последниот поен од синоќа за победа и влез во 1/4 финале на OK Пелистер Волеј

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *