Д-р Васко Наумовски за македонските евроатлански предизвици

Вечерва, во организација на Комисијата за надворешна политика и евроинтеграции при ВМРО ДПМНЕ ОК Битола, се одржа трибина на тема ‘Македонија и евроатланските предизвици’, на која говореше поранешниот министер и амбасадор, проф. д-р. Васко Наумовски. Трибината ја модерираше Шенол Мемиш, член на Комисијата за надворешна политика и евроинтеграции , а ја отвори претседателот Драган Романски. На неа, активно учество зедоја и десеттина присутни, поставувајќи различни прашања на повеќе теми. Најголемо внимание кај публиката предизвикаа излагањата на актуелни теми, како што е новата методологија на ЕУ за новите кандидати, условите кои треба да ги исполниме како држава, идните парламентарни избори, насоките по кои треба да се движат политиките на најголемата македонска партија и други. Неодамна, во организација на истата комисија, беше одржана трибина со амбасадорот Мартин Треневски. Комисијата за надворешна политика и евроинтеграции при ВМРО ДПМНЕ ОК Битола е формирана пред 10 години и единствена од ваков вид надвор од централата на партијата во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *