Трибина „Македонски европски предизвици“

Во организација на Комисијата за надворешни работи при ВМРО-ДПМНЕ ОК БИТОЛА, ќе се одржи трибина на тема: „МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИЦИ“.

На темата ќе зборува д-р Васко Наумовски, експерт за Европска Унија. Д-р Наумовски магистрирал на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, на тема од областа на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, а во 2008 година докторирал на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ во Скопје на тема од областа на влијанието на европските институции и проширувањето на Европската Унија со државите од Западниот Балкан. Од 2005 година работи на Њујорк Универзитетот Скопје, на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии, каде што во 2008 година бил избран во наставно – научното звање доцент по меѓународно право и право на ЕУ. Исто така автор е на повеќе научни трудови од областа на европските интеграции и меѓународното право. Учествувал на голем број меѓународни научни конференции, а реализирал и подолги студиски престои во Европа и САД.

Од 2009 година е потпретседател за евроинтеграции во седмата Влада на Р. Македонија. За време на неговиот мандат Македонија за првпат после повеќе години доби позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите за членство, благодарение на демонстрираните резултати и напредок во сите поглавја. Покрај усогласувањето на македонското законодавство со европското, акредитацијата за користење на европските фондови, реализацијата на бројни реформски проекти – како една од најголемите продобивки од тој период се издвојува визната либерализација за патување и престој во ЕУ. Во јули 2014 година е именуван за специјален пратеник на претседателот Ѓорге Иванов во разговорите за разликите околу името. Од ноември 2014 година е избран амбасадор на Република Македонија во САД.

Трибината ќе се одржи на 12.02.2020 год со почеток во 18:00 часот во малата сала во Центарот за култура во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *