Фудбал : ФК Лабуништа – ФК Победа 0-1

Фудбалерите на Победа ја продолжија серијата победи во подготвителните натпревари пред продолжението на првенството на Втората лига. И во четвртиот пријателски натпревар кој се играше на ,,Атина Бојаџи“ во Охрид ,”црвено-белите” го совладаа тимот на Лабуништа. Стрелец на единствениот гол на натпреварот-втор во овој подготвителен период , беше засилувањето од Слога Виница , Дарко Анастасовски. Како и на тест мечот со Кожув Анастасовски погоди со максимално прецизен удар од над 20 метри.

Како и на претходните контролни средби и денес тренерот Крстески им даде шанса на повеќе фудбалери.

Победа: Котевски (од 80 мин Маркоски), Наумоски, Петкоски, Дамески, Колески, Анѓелески, Дунимаглоски, Јошески, Ефремов, Анастасовски и Гешоски.

Во вториот дел уште играа: С. Спиркоски, Андреески, Симјаноски, Илиески-Кисески, Каралиоски, Ф.Спиркоски, Дебрешлиоски и Митрески.Следен пријателски натпревар на прилепчани ќе го одиграат в среда во Скопје против уште еден тим од Втората лига-Запад , екипата на Кадино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *