По 3.000 денари месечно за лица до 23 години во индустријата

Mинистерството за труд и социјална политика најавува дека Владата во тесна соработка со организациите на работодавачи, стопанските комори, синдикатите и невладините организации креира низа мерки со кои се влијае на покачување на платите, развојот на компаниите и подобрување на условите за работа на младите работници.

“Преку младинскиот додаток, младите лица до 23 години кои веќе работат во индустријата или планираат да работат во производството ќе добијат по 3.000 денари на нивната плата на месечно ниво. Таа нема да се исплаќа преку работодавачот, туку на нивната сметка, преку Агенцијата за вработување” – изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека со младинскиот додаток се опфаќаат вработувања или самовработувањата со претежна производствена дејност или земјоделство.

„Она што ние сакаме и на што работиме е да имаме не само вработувања на младите, туку сакаме сите вие и сите ние да имаме добро платени и квалитетни работни места. Младински додаток е токму таква мерка, со која се овозможуваат подобро платени работни места за младите луѓе“, кажа Шкријељ.

За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари и истиот се очекува да го примаат околу 4.000 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *