КК Пелистер – КК Вардар 96:81 (Фото + Видео)

Екипата на Пелистер го победи Вардар со 96-81 ( 18-30 24-22 , 26-14 28-15 ) откако изигра перфектно второ полувреме 54-29 анулирајќи ја предноста на гостите од првиот дел . Кај “зелено-белите”, Адем Мекиќ помина 36 минути на паркетот и забележа 23 поени исто колку и репрезентативниот колега Јетон Зекири . 17 кошеви и 10 скока забележа Антон Казарновски а на паркетот настапи и новиот играч Тронан Браун како и капитенот Мико Голубовиќ .

Гостите од Скопје имаа добро прво полувреме кога водеа во спортската сала “Боро Чурлевски” со 52-42 предводени од американското дуо Провел и Невес кој на крај имаа 22 и 26 постигнати кошеви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *