СТЕФАН ДИМОВСКИ: ОГРОМНО ЛИЦЕМЕРИЕ И ЗЛОУПОТРЕБА

Во целост ви ја пренесуваме прес конференцијата по повод посттата на техничкиот премиер Оливер Сасовски на Битола. На пресот се обраќа Стефан Димовски од ВМРО ДПМНЕ ОК Битола:

Почитувани, се што прави СДСМ е лицемерие, импровизација и груба злоупотреба на власта. Да распродадеш се што се вика национално достоинство, да немаш минимум чувство за национални, културолошки и цивилизациски вредности – а да импровизираш и да се поигруваш, тоа е возможно само ако си во предизборна паника и во заминување.

Наместо, како досегашна власт, да отвораат и промовираат нови инвестиции и нови работни места, Оливер Спасовски замислете лицемерно зборуваше за македонскиот јазик, а нивна е заслугата што тој е еден од двата службени јазици во државава, за нивниот предлог – закон за македонски јазик, имаат сериозни забелешки сите експерти, речиси без исклучок.

Оливер Спасовски дојде, потроши државни пари за партиска кампања, веројатно одржа и некој партиски состанок и си замина. А, Наташа Петровска, наместо да им обезбеди превоз на учениците во Гимназијата од Ресен, Јанковец, Избиште, Лева Река, Новаци, Рибарци, Гнеотино, Бач, Гермијан, Живојно, Мусинци и Прилеп, да не се срами да го цитира св.Климент Охридски, додека седи до Спасовски и го поддржува Заев.

Почитувани, заедно за ОБНОВА на 12 април, за крај на лицемерието, велепредавство, корупцијата и рекетот. Заедно, за обнова на националното достоинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *