Заврши гласањето за Оскарите

Членовите на Американската Академија за филмски науки и уметности вчера го завршија процесот на гласање за годишните награди за Оскар.

Македонија за прв пат по 25 години повторно има свој филм номиниран за наградата Оскар, но овој пат нашиот филм е номиниран во две категории за долгометражен документарен филм и долгометражен странски филм.

За да биде успехот уште поголем ова е исто така прв пат во историјата на Американската Академија документарен филм да биде номиниран в две категории.

Ова е големо признание за македонската кинематографија.

„Медена земја” стана синоним за раскошно филмско дело, совршен филмски производ и неверојатно чувство на гордост.

Агенцијата за филм на Република Македонија по овој повод имаше две свои објави со честитка на екипата и филмот „Медена земја” за ѕвездениот успех на македонската кинематографија- номинацијата во две категории: ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ И ЗА НАЈДОБАР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ.

Агенцијата за филм на Република Македонија имаше повеќе промотивни активности, меѓу кои и објавувањето на честитката во најреномираните филмски магазини во печатеното издание на реномираните „Холивуд Репортер” (Hollywood Reporter) на 31.01 и во електронското издание/ newsletter на Screen International на 03.02, со цел да се потсетат членовите на Американската Академија за филмски науки и уметности пред завршување на процесот на гласање.

Со овие честитки Агенцијата за филм на Република Македонија како државна институција од културен карактер чии главни приоритети се обезбедување на услови за врвни филмски креации ја изразува својата голема благодарност до екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја” за нивниот планетарен успех.

Агенцијата за филм на Република Македонија во насока на ширење на позитивната мисла и во потестувањето на планетарниот успех на „Медена земја” го направи и промотивното видео посветено на оваа бесценета филмска креација кое беше понудено на ценетите аудио-визуелни медиуми и он лајн медиуми во државата.

Не делат само 5 дена од гламурозната церемонија 92 то Издание на доделување на најпрестижните филмски награди во светот.

На 10 февруари со огромна возбуда очекуваме Златната статуетка да биде во рацете на екипата на „Медена земја”.

Оваа златна филмска екипа го полно право го заслужува тоа.

Со почит,

Агенција за филм на Република Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *