АД ЕСМ со донација за гимназијата СОУ„Јосип Броз Тито“ вредна 700.000 денари

Раководсвото на АД ЕСМ и Рек Битола денес донираа над 700.000 денари во опремување на кабинет во битолската гимназија СОУ „Јосип Броз Тито“ која денес слави 75 години од одржувањето на првиот наставен час на современ македонски јазик.

Општествената одговорност за нас претставува инвестиција во развојот на општеството истакна Ковачевски пред медиумите.

– Нашата инвестиција во гимназијата “Јосип Броз Тито” содржи оплеменување и збогатување на една училница, а ја реализираме на барање на Советот на родители. Инвестицијата е во вредност од над 700.000 денари кои се вложени во целосно реновиран кабинет со нова опрема, столици и клупи, инвентар и се друго што е потребно за современа настава во гимназијата со што е обезбеден нов лик на една европска училница во објект стар 138 години, истакна генералниот директор на АД ЕСМ , Васко Ковачевски.

Учениците во битолската гимназија “Јосип Броз Тито” заедно со Ковачевски на денешното свечено отварање на кабинетот.

На свеченоста во “горната” гимназијата како што битолчани ја нарекуваат , генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски истакна дека компанијата освен производство на електрична енергија, реализира и капитални инвестиции во своите производни единици а како свои приоритети ги има зачувувањето на животната средина и одговорниот однос кон заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *