Во Охрид и Битола снег , “летечки” килими во Прилеп во Скопје паднати дрва и билборди (Фото)

Невремето кое од северна Европа се спушти на Балканскиот полуостров , ноќва ја погоди и Македонија. Снежни наноси го зафатија југозападниот дел на Македонија:Битола,Кичево,Охрид,Ресен,Дебар каде има и забрана за тешки товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево преку планискиот превој Стража и Гостивар-Маврово-Дебар, а од 3.30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Во Прилеп како што пренесува локалниот медиум маркукуле , силниот ветер синоќа во Прилеп ги “размрда” килимите кои се послани на плоштадот “Александрија” и за момент наликуваа на летечки при ветровитата ноќ.

Битола и Охрид се прекриени со снежна покривка од неколку сантиметри. Екипите на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ во текот на целата ноќ ги чистеа улиците низ градот и градот е прооден и подготвен за работниот ден кој следи.

Град Скопје на официјалната Фејсбук страна ги предупреди граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите и да избегнуваат прошетки под дрвореди, а возилата да не ги паркираат под крошните на дрвјата откако силниот ветер кој дуваше во Скопје искрши дрвја на повеќе локации низ градот, а урнати се и неколку билборди .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *