Пелистер загуби кај лидерот МЗТ во Скопје

Фантастична игра во првата четвртина на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром (29-10) им обезбеди убедлива победа во вечерашната пресметка на домашен терен против Пелистер (83-59), по која победа МЗТ повторно е лидер на табелата во Првата лига.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов постигнаа дури 14 тројки додека кај зелено-белите од 24 обиди за три поени само 5 имаа успешна реализација. МЗТ беа подобри речиси во сите статистички категории во однос на Пелистер. Дамјан Стојановски беше најефикасен со 15 поени, Андреј Маслинко имаше дабл-дабл ефект со 14 поени и 11 скока, а кај Пелистер Антон Казарновски и Адем Мекиќ беа најефикасни со 23 и 8 скокови и 18 постигнати поени , 4 скока и 3 украдени топки. Во составот кај МЗТ не играа Хрватот Марин Морнар и Турчинот Рагип Берке Атар, поради правилото од четири странци кои се дозволени на мечевите во домашното првенство. Додека кај Пелистер : Пенов , Трсунов и Лазаревски немаа минутажа на паркетот во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *