October 4, 2022

Вечерва(18.08.2022) на Бит фест музичкиот настан „Љубов и светлина“

Вечерва, во рамките на Бит фест, ќе се одржи музичкиот настан „Љубов и светлина“ на кој ќе настапат Марина Коруновска – мецосопран, Александра Ристевска – пијано и
Марјан Бакревски – кларинет, со почеток во 20.00 часот во Офицерскиот дом.

На програмата ќе бидат изведени дела од Хајдн, Брамс, Шуберт, Григ, Прокопиев, Дебиси, Мусоргски и Пијацола.

МАРИНА КОРУНОВСКА е македонски мецо-сопран, родена во Битола.
Средното музичко училиште го започнува во Битола во класата на проф. Пеце Митревски а како исклучителен талент го завршува во Белград, Р.Србија во класата на проф. Људмила Грос со мислење на солопеачкиот отсек : “Марина Коруновска, спаѓа во редот на најталентирани ученици во музичкото училиште Коста Манојлович”Дипломира на Националната музичка академија во Софија, Р.Бугарија во класата на проф. Ирена Брмбарова со највисоки оцени.Добитник е на бројни државни и меѓународни награди и признание за културен допринос на општина Земун, Р.Србија.

АЛЕКСАНДРА РИСТОВСКА е родена во Битола, каде го започнува музичкото образование од својата петта година во класа пијано на проф.Василка Куновска.
Средното музичко образование го завршува во класа пијано на проф. Маргарита Татарчевска.Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје во класа пијано на проф.м-р.Евушка Елезовиќ. Активно соработува со : Стефан Тасевски- саксофон, Маја Митровска- сопран, Марина Коруновска- мецо сопран и камерниот оркестар на Битола.
Од 2002г. до денес работи како наставник по пијано и корепетитор во Државното музичко училиште во Битола.Од 2017 е асистент во школата Korunovska singing & music.

МАРЈАН БАКРЕВСКИ роден во Битола. По завршу-вање на музичкото образование во Битола и летниот камп Интерлохен во Мичиген, музичкото образование го продолжи во Бостонскиот Конзерваториум за Музика во Бостон и универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург, Австрија.Во повеќегодишниот престој во САД има редовни оркестарски и камерни настапи во рамки на универзитетскиот оркестар и камерни групи, но и со оркестрот Charles River Wind Ensamble.По завршување на студиите во Моцартеум, Марјан живее во Виена каде што е член на оркестрите Kagran Musik Orchester, Dorfmusik Strebesrsdorf и Wiener Regimentorchester IR4 Deutschmeister каде што настапува како соло кларинет и водач на групата кларинети.Од 2013 започна со работа во основното Музичко училиште во Прилеп, а од тогаш до денес работи во Државното музичко училиште – Битола, и е диригент и основач на Битолскиот Дувачки Оркестар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.