October 4, 2022

Да ја користиме водата за пиење рационално!

С О О П Ш Т Е Н И Е❗❗❗

од ЈКП ВОДОВОД – Битола

За рационално користење на водата за пиење

ЈКП Водовод Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.

❗Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа.

ЈКП Водовод Битола АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ПИТКАТА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ПОВРШИНИ, туку рационално да се користи за основните потреби.

Секоја злоупотреба за нерационално користење на водата и сите иматели на диви приклучоци, ќе сносат одговорност и кон нив ќе биде покрената соодветна пријава.

Секоја неправилност, граѓаните ќе можат да ја пријават на следните дежурни телефонски броеви;➡️ 072 916 964 и 072 232 119

Leave a Reply

Your email address will not be published.