October 4, 2022

ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“ ПОРАДИ „НЕТФЛИКС“

Беше најавено дека саботното отворање ќе биде со италијанско-американскиот филм „Раката на господ“, место него ќе се прикаже францускиот „Мајка и син“, затоа што за дистрибуцијата на ‘Раката на господ‘ е одговорен ‘Нетфликс‘, кој има ригорозни високи стандарди за превод, тие сакаа да го направат низ многуте нивни филтри и нè ставија во неизвесност дали ќе го обезбедат преводот до почетокот на фестивалот. Не сакавме да ризикуваме, затоа се согласивме да го ставиме на програма следниот ден“, рече селекторот на главната програма Слаѓан Пенев.

Оваа годинава од 20 до 27 август ќе има над 60 филмови. Во официјалната конкуренција се 14 филмови кои освоија многу награди на другите фестивали.

Во Битола ќе има премиера на два македонски филмови и тоа „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски и филмот „Мими”, кој е во режија на Даријан Пејовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.