October 4, 2022

Дамевски: Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола со најмногу жени кинематограферки

Дамевски: Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола со најмногу жени кинематограферки
Годинава на ИФФК „Браќа Манаки“ учествуваат најмногу жени кинематограферки што ќе учествуваат во сите натпреварувачки програми, истакна директорот на фестивалот Мони Дамевски.

На прес-конференција во Битола Дамевски посочи дека ИФКК „Браќа Манаки“ годинава е пообемен и според бројот на филмови и според бројот на гости.

Минатата година имаше вкупно 20 филмови во конкуренција, годинава се 62 и тоа е тројно поголема конкуренција. Тимот со кој соработувам изврши извонредна работа и верувам дека годинава публиката ќе ужива затоа што има филмови кои што се поеднакво интересни приказни за гледање како содржина и визуелен израз. Годинава на ИФФК „Браќа Манаки“ имаме најмногу жени кинематограферки што ќе учествуваат во сите натпреварувачки програми. Но, ние имаме повеќе жени и во жири-комисиите за документарна и главна програма, истакна Дамевски.

За време на фестивалските денови организаторот подготви и богата придружна програма што ја креираше битолчанецот Тоше Ивановски.

Придружната програма ќе се реализира на Широк Сокак, ќе бидат презентирани изложби на раритети, музички настани и „живи слики“ од архивите на Манаки. На гостите од светот ќе им ја презентираме убавината на битолските дворови во кои ќе може да отседнат на кафе, посебно се гордееме што годинава наследникот на Наум Карабатак-УНИ, неговиот син Роберто Карабатак ќе издвои дел од сочуваното семејно наследство на познатиот Фото УНИ кој учел од Милтон Манаки, а во повеќе битолски кафулиња за гостите на фестивалот ќе има организирана забава од македонската музичка сцена, рече меѓудругото Ивановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.