October 4, 2022

“Незаборав“ ги потсети битолчани на незаборавните битолски песни, автори, пејачи (фотогалерија)

Синоќа, во Битола, во голема сала на Центарот за култура во организација на Панде Димитровски се одржа 12. издание на манифестацијата “Незаборав“, пред бројна публика на која беа изведени песни за Битола, изведени од битолски пејачи.Концертот, во музичка придружба на групата “Калабалак“ го отвори со рецитали Силвана Петровска – Насух.На сцената прв изведувач се појави,  од публиката, Велчо Петровски- Папал, кој испеа две песни, а секако и препознатливата “Терам низ град старо точаче“.После со две песни кои имаа посебен хумор се преставија членовите на битолската група “Калабалак“, а ги испеаја песните “Имам куќа на Пелистер“ на Јонче Христовски и “Кога сум со сопругата“ од групата “Боеми“.

На годишниот “Незаборав“ настапија и две музички битолски легенди Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов. 

Посебно внимание кај публиката предизвика Боби Поповски, кој во Битола е дојден од Австралија, композитор на легендарниот хит “Пусти мерак Ратке“, кој пееше во придружба на неговиот татко Никола.Групата “Икс Бенд“ за прв пат запеа песна на “Незаборав“, а секако се појави испеа и Бојан Стојков, а на крај сите изведували заедно ја испеаја “Конзулски бал“ заедно со авторот Славчо Спировски.

Превземено од www.bitolanews

Leave a Reply

Your email address will not be published.