October 4, 2022

Дезинсекција против комарци во Општина Новаци

Општина Новаци во соработка со Центарот за јавно здравје Битола ги информира сите жители дека на 18 и 19 август, екипите на оваа институција ќе ја спроведат третата фаза од превентивната теристичката (од земја) систематска дезинсекција со цел уништување на возрасните форми на комарци во Општина Новаци.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување
. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на Црна Река, подрачјата околу каналниот систем на територијата на општината, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.