October 4, 2022

ДА СЕ ИГНОРИРААТ ЗАКАНИТЕ ОД БРИСЕЛ

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 180)

Се мислев прилично долго како да го започнам овој прилог бидејки поводот е многу сериозен, па и опасен во овие лоши времиња. А, се работи за следново: некои индивидуи од нашава средина ми припишуваат дека небаре јас да сум ти бил подржувач на злокобниот “француски предлог”. Не знам дали да се крстам или да гледам на ова како на невкусна шега, но работава не е за смеење. Никако! Зошто? Па “францускиот предлог” во суштина е една од завршните фази за разнебитување на македонската нација според сценариото што ни го спремија припадниците на длабоката држава од оваа, но секако и од спротивната страна на Атлантикот, a пред се на инсистирање и за интерес на два наши соседи. Подршка на такво нешто не ми паѓа на памет, ни на сон, а камоли пак јас јавно да го застапувам и подржувам “францускиот предлог”!!! Па од каде тогаш такви подли подметнувања што ми се прават? Очигледно некои фрустрирани индивидуи или центри на моќ сакаат да ми наштетат и лично мене, но и секому којшто се спротивставува на сценариото за ништење на македонците како нација! Не исклучувам дека и пари, и тоа многу пари се во прашање (како што направија и за промената на името на државата и Уставот на Македонија). Целите и методите се препознатливи, а извршителите на тие политики секако еден ден ќе ги стигне казна, без разлика каде ќе бегаат и ќе се кријат (во Аргентина, како нацистите, можеби?), или било која друга точка на планетава!!!

Па јас бев кристално јасен во мојот јавен настап на митингот пред Собранието на РМ на 10ти јули (како член на Првата – “експертската”, влада што ги постави темелите на независна Македонија) и тоа пред десетици илјади мои сограѓани кои протeстираа против тој злосторнички “француски предлог”. Јавно го оптужив Емануел Макрон и француската надворешна политика за антимакедонизам изминативе триесетина години и тоа во континуитет од првиот ден на независноста. Јавно – најјавно пред многуилјаден народ ги оптужив француските претседатели од Митеран до Макрон дека и з м е ќ а р у в а а т (овој израз гледам дека се почесто се користи во вокабуларот на опозиционите политичари) во полза на нашите соседи Грција и Бугарија. Таквото нивно однесување е срамно за една држава која сеуште живее во сонот дека е велесила.

Дека контроверзниот предлог од Париз е подло француско подметнување најречито говори првичната реакција на Чешкото МНР, сега како веќе актуелен претседавач на ЕУ, дека воопшто не биле ниту информирани, а камо ли консултирани за тој документ и концепцијата што ни се наметнува за наша капитулација. Сите предупредувања од Брисел дека тој предлог – сега веќе како предлог на Европската комисија, е наводно “единствена”, “неповторлива” или “последна” шанса за Македонија да започне преговори за членство се обична бесмислица што не треба да се свати сериозно!!! Вакви тврдења – како што би рекле на англиски, се bullshit, или во малку послободен превод обична будалаштина!

Во мојот настап на протестот на 10 јули повикав да учиме од историјата! Па токму затоа и предупредувам да се игнорираат заканите од Брисел. Слично беше и со фамозната Лисабонска декларација од јуни 1992. што ја наметна – кој друг ако не Французинот Митеран, според кого не можело да пледира на членство во Унијата земја која во името го содржи терминот Македонија!? Да, така би било согласно француската измеќарска позиција но цврсто верувам дека во Унијата има и нормални – паметни луѓе кои разликуваат што е гола политика, од вредностите и принципите на Унијата. Веќе на следниот самит на ЕУ во декември 1992 година во Единбург, тој контроверзен францускиот став беше променет.

Тврдам дека нешто слично ќе биде и со спорниот за нас “француски предлог”, сега веке предлог на самата ЕУ!

Но, да се разбереме: никој на послужавник нема да ни понуди решение за проблемот што ни го наметнува Брисел условувајки не со смена на уставот, како предуслов за почеток на преговорите за членство! Па каде се чуло и видело една земја да менува устав под притисок на соседна земја или организација во која членува истата таа соседна земја? Такво нешто ниту се случило, ниту пак длабоко верувам некогаш ќе се случи!!! Да сме вметнеле бугари како државотворен народ во нашата земја заради неколку десетици мешани бракови или неколку стотини “самоосвестени” бугараши!? Невидено и недозволиво!

Такво нешто не смее да се случи и верувам нема да се случи и затоа во оваа прилика јавно ги повикувам сите добронамерни и патриотски определени сограѓани кои си ја сакаат сопствената земја Македонија што помасовно да излеземе пред Собранието кога ќе почне расправата за промена на уставот и да ја заобиколиме таа зграда за да неможат пратениците воопшто ни да влезат во неа. А на оние за коишто имаме сознанија дека сепак се излажале и се поткупени што неминовно власта и соросоидните испостави во земјата ќе им понудат, да мислат на својата иднина, на иднината на своите деца бидејки работава буквало е доведена до степен: “Да се биде – или не”!!!

Во мојот настап на протестот што неколку пати го споменав апелирав до насобраниот народ ДА УЧИМЕ ОД ИСТОРИЈАТА!!! Мислата ми беше на примерот од историските читанки кога кралската влада Цветковиќ-Мачек го потпиша во април 1941 пристапувањето кон Тројниот (Хитлеровски) пакт, сиот народ излезе на улица на протести и веќе следниот ден таа влада падна, а со неа и сојузништвото со нацифашозмот. Затоа предлагам: дента кога ќе почне расправата за промена на Уставот на РМ во Собранието да излеземе сите што помасовно и да ја блокираме и парализираме цела Македонија со шлепери, автомобили, комбајни, трактори и се друго што ни е на располагање за така и само така да ја примораме сегашнава квинслишка влада да даде оставка!

Со кабинетски методи и бели нараквици не се турка влада и не се брани устав!!!

Организирање референдум, според мене е само отупување на острицата на незадоволството на народот која својот климакс го достигна со десетината протести во јули! Референдумот е губење време бидејки власта не ни помислува да се одрекне од таканаречената преговарачка рамка со промена на Уставот и вметнување во него на бугарите (се потресувам од самата помисла) како конститутивен и државотворен народ.

Не дај Боже!!!

  1. Во Охрид било формирано здружение со името на царот на фашистичка Бугарија БорисIII. На бројните реакции и остриот протест на Еврејската заедница на Македонија дека Борис III бил соработник со нацистите, од охридското здружение тврдат дека тоа “не било докажано”!? Па добро бре охриѓани од дотичното здружение, да ве прашам: кој ги потпишувал антиеврејските закони во периодот 1941-1943 што доведоа до економско и политичко уништување на македонските евреи? Со чија согласност беа собрани македонските евреи на 11ти март 1943 во импровизираниот конц-логор во скопскиот Монопол, за после 10 дена да бидат транспортирани во логорот на смртта Треблинка??? Колку за информација: и бугарските евреи кои емигрираа во Израел по војната покренаа своевремено иницијатива да се подигне споменик на царот Борис III, но еврејската држава тоа не го дозволи токму заради неговата соработка со режимот на Адолф Хитлер!!!
  2. На некаков си “споменик” во Градскиот парк во Скопје некој нацртал со боја кукаст крст што предизвика возбуда во македонските медиуми. Кој го тоа направи (како што велеше Љубисав Иванов Ѕинго) и зошто, засега не се знае. Арно ама, се поставува прашањето и за каков споменик се работи и кој и кога го поставил на видно место во Паркот на франкофонијата? Да не ќе да е уште една бугарска провокација среде македонската метропола??? Апелирам Миленко Неделковски да се позанимава со случајов и да превземе херојски мерки (доколку и овој пат се работи за бугарска провокација) за да постапи слично како што постапи и на Кајмакчалан кога бугарите, без прашање и дозвола од македонските власти, го оскрвнавија врвот со илегално поставување на нивен споменик, а Миленко проблемот го реши многу ефикасно – го искрши на парчиња!

Кукаст крст во Градскиот парк во Скопје

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.