October 4, 2022

МНР повторно си молчи: Никнаа „Ванчо Мијлов“ и „Цар Борис“, наскоро и „Цар Фердинанд“, ништо од ова не е доволно за реакција на македонските власти

Цар Борис трети, Ванчо Михајлов, наскоро и Цар Фердинанд. Бугарските културни клубови со имиња кои директно удираат во чувствата на Македонците се насадуваат каде сакаат, Министерството за надворешни работи си молчи.

Повторно нема одговор на прашањата дали ќе реагираат на отворањето на клубовите со спорни историски имиња, или дали можеби ќе има реакција до бугарското МНР. Од кај Османи досега одговори на овие прашања немаше ни претходно. Единствено што министерот ни порача на оваа тема е дека не можеме отворањето на културниот клуб Ванчо Михајлов, да го сметаме за говор на омраза.

-Тоа би било погрешен пристап, затоа што различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под „говор на омраза“. Под говор на омраза, јасно кажува нашето законодавство што е – омаловажување поради карактеристики на човек и припадност во група и мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации, тогаш мислам дека отвораме поле на нови ризици, изјави Османи.

Инаку, Ванчо Михајлов е докажан соработник на фашистичкиот режим, нарачател на убиства на бројни македонски дејци за слобода на земјата. А клубот именуван по него беше отворен во присуство на највисокиот политички врв од Софија, предводен од премиерот Кирил Петков. Ниту тоа не беше доволно за официјална реакција на македонските власти до Бугарија. Имаше само изјава од премиерот Димитар Ковачевски дека било провокација.

-Тој настан претставува ништо повеќе од провокација, бидејќи ги буди духовите од минатото, бидејќи се работи за личност кој што бил соработник и на хитлерова Германија и на мусолиниева Италија и на НДХ на Павелиќ, изјави Ковачевски.

Додека власта молчи, посебно погодени од отворањето на културни клубови именувани по хитлерови соработници се Евреите во државава. Велат ова наликува како враќање на фашизмот на голема врата во Македонија.

-Мислам непоимливо е сега во краток временски период да имаме културен центар Ванчо Михајлов во Битола, да имаме Цар Борис во Охрид, тоа непоимливо е. Утре ќе му текне на некој да регистрира на Хитлер, на Гебелс или на било кого, не е тоа во ред, изјави Леви.

За жал, бугарските културни клубови не единствените бугарски провокации на кои македонската власт не реагира, реакции ретко речиси и да ги нема е во случаите кога од официјална Софија ни стигнуваат пораки дека не го признаваат македонскиот јазик и народ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.