October 4, 2022

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ Демир Хисар

Полициска држава или заробена држава ?

Синоќа демирхисарци беа сведоци на тоа како изгледа манифестирањето сила кон обичните граѓани , и тоа на оние малкумина кои се’ уште не се иселени и се обидуваат да имаат каков- таков социјален живот во Демир Хисар .

Зарем го откривте криминалот тука каде секојдневно младите се борат да опстанат и да веруваат во подобро утре ?

Дали парите од граѓаните за ситни прекршоци ќе се слеат во државна каса кои подоцна ќе се искористат за тендери договорени во четири очи а единствен бенефит ќе имаат само луѓето блиски до власта ?

Но , крајот е блиску !

Почетокот на крајот на ваквото владеење во Демир Хисар дојде минатата година на локалните избори а на следните ќе кажеме едно големо НЕ за криминал , корупција и полициска држава !

Leave a Reply

Your email address will not be published.