October 4, 2022

Симеон Саксобурготски дал дозвола за регистрација на спорното здружение „Цар Борис Трети“

Поранешниот премиер на Бугарија и син на Царот Борис, Симеон Саксобурготски, лично дал согласност до Централниот Регистер за именување на охридското здржение. Користејќи ја можноста што ја предвидува Законот за трговските друштва, во кој стои дека во називот на фирмата може да се внесе име и презиме на историска личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, Саксобурготски дозволил здржението да го носи името на неговиот татко.

Во документот кој беше објавен, Саксобурготски вели дека дава согласност за ваквата идеја која е во насока на зачувување на историската меморија.

Ви благодариме за иницијативата ова друштво да го носи името на мојот татко цар Борис III. Вашиот предлог ме трогна и секако дека ја имате мојата согласност и мојата поддршка. Мило ми е што знам дека младите како вас имаат време и желба да се зафатат и со оваа задача, така што ќе се зачува во историската меморија.

По бројните реакции во јавноста дека државата дозволила формирање на бугарски здруженија со имиња на личности од фашистичкото минато кои предизвикуваат вознемиреност, од Централниот регистар пак повикувајќи се на чл. 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации, велат дека постапувале согласно законските решенија. . 

Останува нејасно зошто е дозволена реегистрација, ако според овие членови јасно стои дека се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Од влада пак најавуваат формирање  на работна група која ќе работи на драфт верзија за менување, ама не прецизираат кога би се случило тоа. За нив во моментов била доволна постојната правна рамка ако се доведе во прашање називот на организацијата.

Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за чивекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на орагнизацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување.

На социјалните мрежи веќе се споделува информација дека во Богданци се подготвува ново бугарско здружение кое според најавите треба да го носи името на Цар Фердинанд, татко на Царот Борис III.  

Од министерството за правда за Сител велат дека досега нема поднесено барање за позитивно мислење за вакво здружение.

Според контроверзни историски личности кои се дел од фашистичкото минато на Бугарија веќе се именувани неколку здрженија во Македонија. Ванчо Михајлов по кого е именувано здружението во Битола во историската меморија на македонскиот народ останува запаметен како организатор и наредбодавец за голем број убиства на истакнати македонски интелектуалци и дејци, во пресрет на Втората светска војна, но и соработник на нацистичка Германија. Името на царот Борис Трети пак е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. И неговиот татко царот Фердинанд бил застапник на идејата за Санстефанска Бугарија, според која требало да се присвои што поголем дел од Македонија.

Формирањето на овие здруженија во јавноста веќе предизвикува вознемиреност и се толкува како намерна провокација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.