October 4, 2022

МИЗАР СО СПЕКТАКУЛЕРАН КОНЦЕРТ ПРЕД БИТОЛЧАНИ

На Платото пред Офицерскиот дом, вторник(09.08.2022) со почеток во 21 часот, во рамките на програмата на „БИТ ФЕСТ“, пред неколку илјадната битолската публика настапи култната македонска музичка група „Мизар“, една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура.

Два часа МИЗАР изведуваја нови и постари нумери од својот репертоар, а на крајот на концертот битолчани ги повикаа на бис виртуозите од оваа култна македонска музичка група, за кои слободно можи да се кажи дека се историја на македонската рок музика. Концертот започна со интересен перформанс на група млади уметници.

Повод за овој концерт беше промоцијата на новото ЦД на групата „МИЗАР“ и прославувањето на 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународна музчка сцена.

Концертот, беше вистинска можност да се види „МИЗАР“ во целиот свој сјај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.