October 4, 2022

Спорот со „Твитер“ го поттикна Маск да продаде акции на „Тесла“

Илон Маск/Фото: Принт-скрин

Aмериканскиот милијардер Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари, што е најголема продажба досега. Тоа е со цел, како што тој тврди, да се избегне продажба на акции на производителот на електрични возила во последен момент, во случај да биде принуден да го продолжи договорот за купување на Твитер.

Главниот извршен директор на „Тесла“ продаде околу 7,92 милиони акции на 5 август, според бројните регулаторни поднесоци што беа објавени по затворањето на њујоршката берза во текот на вчерашниот ден, пренесува „Блумберг“.

Поради шпекулации за причините за продажба на акциите, Маск синоќа на Твитер наведе оти сака да спречи панична продажба на акции, доколку биде принуден да го заврши преземањето на Твитер за 44 милијарди долари, од што тој се откажа минатиот месец.

На прашање од негови следбеници, дали завршил со продажбата на акции на „Тесла“ и дали би ги купил повторно, доколку не се склучи договорот за преземање на „Твитер“, тој одговори само со „да“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.