October 4, 2022

Големите МИЗАР со голем концерт во Битола на 09.08.2022 год.

Култниот македонски бенд вечерва ќе се претстави пред битолската публика во рамките на БитФест2022, со што битолчани ќе имат можност да уживат во целовечерна музичка представа на највлијателниот бенд на овие простори.

Мизар е група што во 80-тите години ја промовира македонската култура, како на тлото на тогашна Југославија така и во повеќето земји во Европа. Воедно епитетот најпопуларна група на поранешните југословенски простори го оствари не само со авангардната звучна слика, која се потпираше на дотогаш нечуениот спој на рокенролот, со старословенското пеење и изворната народна музика, туку и со текстовите на песните пеани на мајчиниот македонски јазик, што во дадените услови беше речиси ерес.
Мизар терминолошки беа именувани според „ѕвездата на надежта“, за која е својствено дека ги соединува христијаните и муслиманите. Патниците што патувале низ пустина се ориентирале токму по оваа ѕвезда, по Мизар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.