October 4, 2022

Клубот ВАНЧО МИХАЈЛОВ сместен во ЕВРЕЈСКА КУЌА ВО БИТОЛА

Kуќата каде е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејскиот кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера. Оваа информација ја открива германската новинарка Брита Хилперт во репортажа за македонските маки на патот кон ЕУ која ја објавува германскиот национален телевизиски сервис ZDF.

Куќата каде некогаш живееле протерани македонски Евреи сега како културен центар носи име на Иван Михајлов, докажан соработник на Хитлер, Мусолини и Анте Павелиќ кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во втората светска војна депортирале над 99 насто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.

Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски зарем не е бесчувствително културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите?

Преземено од: https://vecer.mk/makedonija/klubot-vancho-mihajlov-smesten-vo-evrejska-kukja-vo-bitola/

Leave a Reply

Your email address will not be published.