August 18, 2022

Почина Здравко Јелисковски, поранешен технички директор на Рудник Суводол

Синоќа на 64 години, по кратко боледување, почина Здравко Јелисковски, поранешен технички директор на Рудникот Суводол. Целиот работен век го помина во РЕК Битола, на повеќе работни места. Неговите роднини, колеги и пријатели од него се простија денес, а телото на починатиот е погребано на новите гробишта во Битола.

Порталот ПелаНет изразува сочуство до семејството на Јелисковски.

Почивај во мир!

Leave a Reply

Your email address will not be published.