August 18, 2022

ПОЕЗИЈА ИНСПИРИРАНА ОД МОРЕТО НА ЕЛЕОНОРА ТОДОРОВСКА

Бранови

Ветрови однесетеме
да во морската
недоглед понесетеме.

Дувнете,
разбранете
тоа сино море
да бисерен
ѓердан бел
мислите мои
сплетат од тој
син бескрај.

Да во недоглед
морските струи
плетат бранови бели
со синото мастило
низ недоглед
наполнат душа
со редови од вас
бранови смели.

Нека мојата душа
секоја белина
од брановите
направи ѓердан
од морската
недогледна целина.

Зошто само таа знае
да пополни
страници бели
од недогледни
морски разбранети
ветрови.

Не сте изрека само
да дојдам до вас
бранови бели.
Вие сте инспирација
и ова лете
моја само од таа
сина небесна
мастило боја.
Елеонора Тодоровска

Можеби

Ме јадеше јанза.
Па си реков
ќе си појдам
до синилото свето.
Можеби ќе биде крај
од ова лето,
Но јас повторно
дојдов кај тебе
мое море свето.
Барем за мене си свето
зошто мирот го наоѓам
во тебе сино око свето.
Во тебе огледало сино
да си наполнам душа
макар уште
еднаш со мир
и спокој
во таа сина
небеска шир.
Дојдов можеби
за последен пат
да се прегрнам
со брановите
зошто ако не дојдам
повторно да не ми биде
мака зошто
не се поздравив
за крај од ова лето.
Да си купам
попатно некој
носталгичен спомен
за да остане миг
од тоа сино око.
Да се збогувам
но најпрвин
да ме служи здравје
повторно да дојдам
крај тебе
во наредното лето.

Елеонора Тодоровска

Leave a Reply

Your email address will not be published.