August 18, 2022

МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА СЦЕНА – ‚‚НАЈДОБРОТО ОД ШЕНОЛ‘‘

Третиот компилациски, воедно и јубилеен албум на битолчанецот Шенол, денеска на големиот македонски национален празник Илинден, е објавен од страна на издавачката куќа Сенатор Рекорд. На ова ЦД се наоѓаат 12 песни снимени во периодот од 1992-2022 година, со различни стилски жанрови, рок, поп и неколку класични балади. Предвидено е, да се одржат неколку промоции низ Македонија, а денес во потпелистерското село Трново, Шенол ќе настапи на 51 Семакедонска средба. Деновиве ќе бидат објавени сите продажни места низ Македонија на кои ќе може овој албумот да се најде, а во претпродажба може да се порача преку социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.