August 18, 2022

ПОКАНА ЗА “51 СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2022”, ОРГАНИЗИРАН БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ

Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Од 7.30 до 10.00 се одржува света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“.

Организиран бесплатен превоз за средбата во Трново, кој ќе поаѓа од 07:00ч од пред автобуската постојка пред шехерзада и јавор. Ќе се обраќаат на релација како градскиот автобус, кружна 5. (Шехерзада, црн мост, веро, болница, ракометно, буковски ливади, карпош, дулија, винкс, трново).
Автобусите ќе прават два кругови и означени со слободен превоз с. Трново.

Организатори на 51. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите проф.д-р Љупчо Коцарев.

На Семакедонската средба ќе присуствуваат архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената Македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД “Гоце Делчев“ од Битола, играорни групи од Пиринска и Беломорска Македонија.

На Семакедонската средба се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија и од целиот свет, јавната покана важи за сите добронамерници и патриоти од сите делови на Македонија, од светот и татковината!

Leave a Reply

Your email address will not be published.