August 18, 2022

Претседателот на МАНУ Коцарев на Илинден ќе говори од потпелистерско Трново

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев на 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица”, во потпелистерското село Трново.

На прес – конференција во Битола претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Александар Јаневски, истакна дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.

-Семакедонската средба почнува во 10.30 часот, а за битолчани обезбедивме бесплатен автобуски превоз со почетни станици за тргнување од пред местата „Шехеразада” и „Јавор” во Битола. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила, истакна Јаневски.

Организаторот најави богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев” од Битола, македонски играорни групи од соседните држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published.