August 18, 2022

ДЕМАНТ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СОВЕТНИЧКАТА ЈАСМИНА БУНЕВСКА ТАЛЕВСКА

ДЕМАНТ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СОВЕТНИЧКАТА ЈАСМИНА БУНЕВСКА ТАЛЕВСКА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПРЕКУ ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТИТЕ СОЗДАВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА НАПРЕДОК НА БИТОЛА – ПОСЛЕ ПОТПИШАНИОТ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УТМС И ОБЕЗБЕДЕНИТЕ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ, ОПШТИНАТА ОБЈАВИ ЈАВЕН КОНКУРС ЗА 15 СТИПЕНДИИ

Почитувани,

Општина Битола, во целост ги демантира денешните тврдења изнесени на прес конференцијата на советничката од СДСМ, Јасмина Буневска Талевска и во интерес на објективно информирање на јавноста, доставуваме линкови од досегашните објавени вести за соработката на општината со Универзитеот „Свети Климент Охридски“, Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.

Градоначалникот Тони Коњановски и ректорот, професор д-р Аце Миленковски, на 11.04.2022 година потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Општина Битола и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје., а универзитетот додели на општина Битола 15 стипендии за додипломски студии за идните студенти, со цел задржување на најдобрите студенти во Македонија. Финансиските средства се обезбедени од универзитетот, а не од општина Битола. (информациите од потпишувањето на меморандумот се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/потпишан-меморандум-за-соработка-пом-3/). 

Покрај со овој универзитет, Општина Битола има потпишано Меморандум за соработка и со Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со овој меморандум, потпишан на 30.05.2022 општината и факултетот воспоставуваат партнерство за клучни прашања во областа на архитектурата, урбанизмот, одржливиот развој и културното наследство, а што е најважно експертските познавања на стручните лица од овој универзитет ќе бидат од значајна поддршка за изработување на новиот ГУП на општина Битола. (линк до веста https://www.bitola.gov.mk/општина-битола-воспостави-соработка/).

На средбата на Градоначалникот Коњановски, со ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, беше договорено дотогашните општи меморандуми да се реализираат како конкретни договори за соработка, а на неколку од нив веќе се работи, како: реализација на идејата на студентите за студентски парк, во просторот на поранешната касарна, реализација на проектот за студентска пракса во општината на студентите од битолскиот универзитет, активирање на лабораториите на универзитетот во функција на потребите на општината, но и пред други инвеститори и донатори и се разбира, многу други активности, кои што значат развој на градот и пошироката заедница. 

Токму на оваа средба, градоначалникот изјави: „Тоа што Општина Битола континуирано го прави преку повеќе програми, а е насочено кон поддршка на младите луѓе, со цел нивно поттикнување да останат, да творат и делуваат во својата држава, во својот роден град, потребно е да биде добро планирано и системски поврзано, за да може бенефитите да се почувствуваат во повеќе области на општественото живеење.

Универзитетот и општината веќе имаат потпишан меморандум за соработка, но сега таа соработка ќе ја продлабочиме со нови проекти, кои ќе помогнат за поголемо вклучување на младите во институциите, за време на нивното студирање, преку професионална пракса, во која ќе дадат свој придонес во одредени процеси, но и ќе стекнат практични вештини“, рече градоначалникот Коњановски. (линк до веста https://www.bitola.gov.mk/општината-и-универзитетот-започнува/).

Општина Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published.