ЈП Комуналец со активности на ул. Филип II Македонски -(Иван Милутиновиќ)

Секторот за јавно зеленило при Јавното Претпријатије – Комуналец Битола деновиве изврши низа дејности и активности кои се однесуваат на одржување на јавните зелени површини по централните улици во градот.

На една од виталните битолски улици “Филип II Македонски” поранешна (Иван Милутиновиќ) на потегот од Јавор до Бела Чешма беше култивирано тротоарното зеленило како и исчистен сметот додека претходно беше уреден и кастрен дрворедот на истата траса – информираат од Јавното Комунално Претријатије Комуналец од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *