August 18, 2022

Фестивалот Илинденски денови со најобемна програма до сега

•Од корените…до цветот•
Тоа е годинешниот слоган на фестивалот кој значи лето во Битола, значи носење на светскиот фолклор на улиците и сцените низ нашиот убав град, значи и поздрав и со нашите македонски игри и песни, обичаи…значи почит кон традицијата и поглед вперен кон тоа како традицијата ни дава сила за иднината, како и коренот што дава надеж за цветот…
И ова е само најава за досега можеби најбогатото фестивалско издание кое се шири со повеќе денови за разлика од порано, воведува и фестивал на етно филмови, носи нови интересни концерт соработки, иновира нови научни собири на тема етнологија, работилници во кои се оживува традицијата и неколку модерни етно перформанси кои се цветот на фестивалот, посадени врз корените на традицијата.

ПРОГРАМА:

18.07.2022
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Свечено отворање и проекција на филмот
“Poron Hahmosa Pitkin Taivaankaarta”
“Како ирвас под небесниот свод”
Документарен филм од Марку Лемускалио / Markku Lehmuskallio
Финска, 1993 година 92 минути
НУ Центар за култура – Битола, голема сала – 20 часот

19.07.2022
Изложба на фотографии:
„Манастирите и црквите во гевгелиско (стара Гевгелија)“
ЈУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија
НУ Народен театар – Битола, Фоаје – 11 часот
Промоција на публикација и документарен филм по повод
100 години од раѓањето наТале Огненовски
Автор: м-р Благојче Трајковски
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 20 часот
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмoвите: “A fome De Lazaro” / „Гладниот Лазаро“
Краткометражен документарен филм на Диего Беневидес /
Diego Benevides, Бразил, 2020 година / 17 минути
„Молокане“ / „Молокани“
Документарен филм на Саглара Турбеева / Saglara Tyurbeeva,
Русија / 2018 година/ 76 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот

20.07.2022
Промоција на Боенка
„Народната култура – трајна инспирација“
НУ Завод и Музеј – Битола, мала сала – 10 часот

Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите: „Amores” / „Љубови“
Краткометражен документарен и анимиран филм на
Атахауалпа Личи, Венецуела, 2020година, 15 минути
“El Misterio De Las Lagunas – Fragmentos Andinos” /
„Тајната на лагуните – фрагменти од Андите“
Документарен филм Атахуалпа Личи / Atahualpa Lichy
Венецуела/ 2011 година/ 91 минута
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 20 часот
Детска ликовна работилница
„Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“
НУ Завод и Музеј – Битола, мала сала – 10:30 часот
Изложба на фотографии:
„Низ објективот на Дени Синадиновски“

21.07.2022
Детска ликовна работилница
„Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“
НУ Центар за култура – Битола – 10 часот
Изложба на фотографии „La Belle Époque“
Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки
(крај на XIX и почеток на XX век)
Во соработка со Државен Архив на РС Македонија, одделение Битола
НУ Центар за култура – Битола, фоаје – 20 часот
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите: „The Dream of a Horse“ / „Сонот на коњот“
Краткометражен документарен филм на
Марјан Кхорсави, Иран, 2022 година, 25 минути
“Monde De Chez Ti Kaf” / „Светот на Ти Каф“
Документарен филм на Фредерик Ламболе и
Жан-Мари Пернел / Frederic Lambolez, Jean – Marie Pernelle,
Франција, (Остров) Реунион / 2018 / 68 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот
Автор: Дени Синадиновски – НУ Завод и Музеј – Битола, 19 часот

22.07.2022
Детска ликовна работилница
„Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“
НУ Центар за култура – Битола – 10 часот
Танцов перформанс „Популус“
Режија и кореографија: Филип Петковски
Танчери: Теодора Ѓорѓиева, Марија Саздовска, Стефани Маневска,
Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески,
Балаж Лучеи. Костими: Антонија Гугинска Јорданоска, Маја Гјуреска и
Гордана Божиновска. Музика: Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски,
Љубојна, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, ДахаБраха,
Мобајл Соул Систем. Камера и фотографија: Марко Марјановиќ.
Графички дизајн: Ивана Мојсовска
НУ Народен театар – Битола – 20 часот
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
JVOBTIK – Notre Musique / ЈВОБТИК – Нашата музика
Краткометражен документарен филм на
Умберто Гомез Перез / Humberto Gomez Perez,
Мексико, 2018 година, 20 минути
„La Grand – Messe“ / „Големата Литанија“
Документарен филм на Валери Розие и
Мерил Фортунат-Роси / Meryl Fortunat – Rossi, Valery Rosier,
Франција/Белгија/ 2019 година/70 минути
Продукција Супермуш Продксион (Епинал)
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот

23.07.2022
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
“Nichimal Son – Blooming Music” / „Мал звук – Музика што цвета“
Краткометражен документарен филм на
Хуан Хавиер Перез Перез / Juan Javier Perez Perez,
Мексико, 2018 година, 27 минути
“Waters Of Pastaza / Juunt Pastaza Entsari” / „Водите на Пастаза“
Докуменетарен филм на Инес Т.Алвес / Ines T. Alves
Португалија, 2022 година, 62 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 20 часот

24.07.2022
Изложба на скутини „Скутина, фута, бовча, диљка“
Автор: Бојан Петковски
НУ Завод и Музеј – Битола, мала сала – 20 часот

25.07.2022
Детска ликовна работилница
„Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“
НУ Центар за култура – Битола – 10 часот
Мултимедијален проект за градската култура
Ансамбл „Македонија“ Скопје
Офицерски дом – Битола – 21 часот

26.07.2022
Манифестација – марш: „Патот на Илинденците“
Битолска коњаница „Галоп“ Битола
Плато – Офицерски дом, Битола – 09 часот
Изложба на книги од областа на фолклорот и народната култура
НУ Центар за култура – Битола – 10 часот.
Семинар за традиционална музика и игра
Промоција на: Зборник на трудови XIV
НУ Центар за култура – Битола, голема сала – 10 часот.
Изложба на етнографски фотографии од Мексико
Автори: Leon Colon & Amalija, Mexico
НУ Народен театар – Битола, фоаје – 12 часот
Дефиле: „Со песни и игри низ битолските улици“
Саат кула, Плоштад Магнолија, Широк сокак – 18:30 часот
Свечено отворање на
52-от Републички фестивал на народни песни и игри
„Илинденски денови“ Битола
Изведба на орото „Комитско“ – КУД „Илинден“ Битола
Свечени обраќања и поздравни говори
Вечер на традиционална музика и игра
Ракометно игралиште – Битола, фестивалска сцена – 20 часот.
Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на ансамблот:
Juzyna Song and Dance Ensemble, Zawoja, Poland
Плоштад Магнолија, КЦ Магаза, Битола – 22 часот
,,Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер
Плато на Офицерски дом – Битола – 22:30 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на ансамблот:
Howa Huta Song and Dance Ensemble, Krakow, Poland
Плато на Офицерски дом Битола – 23 часот

27.07.2022
Изложба на книги од областа на фолклорот и народната култура
НУ Центар за култура – Битола – 10 часот
Семинар за традиционална музика и игра (втор ден)
Презентација на стручни трудови
НУ Центар за култура – Битола – 10 часот
Стручна расправа под наслов:
„Стратегија за развој на фолклорната дејност во
РС Македонија – потреба, можност и предизвици“
НУ Центар за култура – Битола – 11 часот
„На пладне во чаршија“ – интернационални фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11 часот
Манифестација: „Музика на Широк Сокак“ – улични перформанси
Широк сокак – 12 часот
Вечер на староградска музика и игра
Плато на Офицерскиот дом – Битола – 20 часот.
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на ансамблот:
Gruppo Folk “Gazzara” Sicilia, Italia
Плоштад Магнолија, КЦ Магаза, Битола – 20:30 часот
Концерт на НУ Ансамбл за македонски народни игри
и песни „Танец“ Скопје и Влатко Стефановски
Театар во Антички локалитет Хераклеја – 21 часот
Манифестација „Песна на Широк Сокак“
Презентации на Староградска музика и игра
Од Саат Кула до Офицерски дом, од 21:30 до 22:30 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на влашки градски песни:
Српско – Цинцарско друштво „Лунјина“ Белград, Србија
Плато на Офицерски дом – Битола – 22:30 часот

28.07.2022
Семинар за традиционална музика и игра (трет ден)
Студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола – 10 часот
Изложба на книги од областа на фолклорот и народната култура
НУ Центар за култура Битола – 10 часот.
Промоција на книги од авторот Наташа Диденко
„Октомвриските фестивали на народни игри
и песни во Битола, Штип и Скопје (1947 1952)“ и
„Развојот и дејноста на музичките културно – уметнички
организации и манифестации во Македонија“
НУ Центар за култура – Битола, фоаје – 11 часот
„На пладне во чаршија“ – интернационални фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11 часот
Изложба на фотографии:
„75 години фолклорна традиција во Вевчани“
КУД „Дримкол“ Вевчани
НУ Народен театар – Битола, фоаје – 12 часот
Манифестација: „Музика на Широк Сокак“ – улични перформанси
Широк сокак – 12 часот
Презентација на Американски фолклор проследен со
мастер час (работилница) – со членовите на
American Folk Dance Ensemble, Brigham Young University, USA
Американско катче Битола
Презентација за членовите на Американското катче и мастер клас
за заинтересирани лица, 12:30 – 13:30 часот
Вечер на традиционална музика и игра
Ракометно игралиште – Битола – 20 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на ансамблот: Wa-kusmaa Grupo de Danza Folklórica Méxicana, USA
Плоштад Магнолија, КЦ Магаза, Битола – 21 часот
Ревија на народни носии и изложба: „Од Љубанишча до Дебор“
Од колекцијата на Љупчо Милошевски
Плоштад Магнолија – Битола – 22 часот
„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер
Плато на Офицерски дом – Битола – 22:30 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на ансамблот: Pachamama Compania, Colombia
Плато на Офицерски дом -Битола – 23 часот

29.07.2022
Семинар за традиционална музика и игра (четврт ден)
Студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола – 10 часот
„На пладне во чаршија“ – интернационални
фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11 часот
Манифестација: „Музика на Широк Сокак“ – улични перформанси
Широк сокак – 12 часот
Вечер на традиционална музика и игра
Ракометно игралиште – Битола – 20 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Презентација на традиционалната култура од Шпанија во соработка со
Амбасадата на Шпанија во РС Македонија
Изложба, документарен филм и концерт на ансамблот
Asociacion De Coros y Danzas, Francisko De Goya, Madrid, Spain
Плоштад Магнолија, КЦ Магаза Битола – 21 часот
„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер
Плато на Офицерски дом – Битола – 22:30 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на ансамблот:
Brigham Young University American Folk Dance Ensemble, Utah, USA
Плато на Офицерски дом – Битола – 23 часот

30.07.2022
Интернационална фолклорна разгледница
– презентации на интернационалните ансамбли на Широк сокак
Од Саат кула до Камен мост – од 11:30 до 13:30 часот
„Фолклорна прошетка низ светот“
Концерт на влашки градски песни:
Српско – Цинцарско друштво „Лунјина“ Белград, Србија
Плоштад Магнолија, КЦ Магаза Битола – 21 часот
52-ри Републички фестивал на народни песни и игри
„Илинденски денови“ Битола
Свечено затворање и доделување на признанија и награди
Вечер на интернационална музика и игра
Ракометно игралиште – Битола, фестивалска сцена – 20 часот

Leave a Reply

Your email address will not be published.