August 18, 2022

ВЛАДИНАТА РУСОФОБИЈА НАСПРОТИ СУВЕРНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ
Македонците се сиромашни, но ниту на гранка растат ниту нафта пијат.
“Ако не си со нас, си против нас!“ е правило на американската надворешна политика. Марионетската власт во Македонија, поради анти-руската политика на Соединетите Американски Држави, е посервилна “Ако не си со Американците, си со Русите!“ И сите што се против власта, а за татковината, за Владата на СДСМ и ДУИ – се против Американците, а за Русите! Се разбира, папокот на владината коалиција СДСМ-ДУИ е на Калето! Таму онанираат сите служби, таму почнуваат и завршуваат сите кабли.
Марионетската власт на Македонија не прави ништо друго, освен што брка “руско влијание“ и “проруски инсталации“, заради поприфатливост за американските интереси!
За Македонците важи друго правило: Ако не сум со тебе, не значи дека сум против тебе. Љубовта кон своите не значи омраза кон другите! Напротив, ако не ги сакаш своите, другите пак ич!
За марионетската власт во Македонија, дали има “руско влијание“ или нема, воопшто и не е важно! Важно е да си против Русите, поради Американците, иако Карпатите не се позади Атлантикот, туку во Русија!
Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да ти се “бореле“ против два имагинарни непријатели на Македонија: “македонски екстремизам“ и “руско влијание“! Во овие државни служби нема “албански екстремизам“ и “американско влијание“, тоа никаде го нема, а врие корне!
Де јуре и де факто, сведоци сме на реприза на сатиричниот роман “Дон Кихот“ на шпанскиот писател Мигел де Сервантес, кој немал друга цел, туку да ги исмее лажните и неубави витешки романи, кои се разликуваат од вистината. Како што Дон Кихот и Санчо Панса се борат против ветерниците, така и марионетската власт во Македонија се бори против “македонскиот екстремизам“ и “руското влијание“ кое само тие го гледаат! Би додале, власта на СДСМ и ДУИ се во дилириум “Енвер Хоџа – против надворешниот непријател на Албанија“: Никој против нив, ама тие против цел свет, за да ја сочуваат чистотата на тоталитаризмот и комунизмот! На марионетската власт во Македонија и’ фалат само уште бункерите против душманите!
И го слушам Стево Пендаровски, тоа гревче од човек, придружуван од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како се пенави на 29 јуни 2022 година во Мадрид, на самиотот на НАТО во Шпанија, сите против Русите, па и тој нешто да каже: “Хибридните напади од Русија кон нашата земја (тешко му е да каже Македонија, м.з.) почнаа пред 4 години кога го сменивме името за да влеземе во НАТО (не се ни срами да каже зошто го сменил името на државата, м.з.)! Војната во Украина предизвика хибридни закани со кои ние се соочуваме во изминативе четири години. Зборувајќи конкретно за Северна Македонија, можам да ви кажам, дека овие хибрдини закани од Руската Федерација ни доаѓаат од 2018 година, од нашиот референдум за смена на името, кога го сменивме името на државата за да влеземе во НАТО!“
Истата приказна и Пендаровски и целата марионетска влада, деновиве ја повторуваат во врска со протестите против Францускиот предлог Преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија, во која се вградени сите барања на Бугарија, а со цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија! Демек, службите детектирале странско влијание од Руската Федерација меѓу протестантите против ревизија на македонската историја, да се “спречело членството на Македонија во Европската Унија“ со продажбата на македонската историја… Само заборавија на референдумот од 8 септември 1991 година на кој околу 80% од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки, и на референдумот од 30 септември 2018 година на кој околу 2/3 од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО“ и “не го прифатија Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ од 17 јуни 2018 година за промена на името над државата Македонија и идентитет на народот Македонски!
Бидејќи, умот не им држи, плитки им се црпките место глава, да се потсетиме на “руското влијание“ во семакедонскиот отпор против референдумот за промена на името на државата Македонија и идентитетот на народот Македонски, одржан на 30 септеври 2018 година!
Имено… во отпорот на Македонскиот народ и граѓаните на државата Македонија за одбрана на името и идентитетот пред референдумот на 30 септември 2018 година, Заев “бараше“ и обвинуваше спонзори од Русија. Се покажа, дека тој руски милјардер Иван Савиди(с), сопственик на фудбалскиот клуб ПАОК, кој наводно ја финансирал кампањата против референдумот за членство во ЕУ и НАТО и Договорот Димитров-Коѕиас, бил грчки државјанин, кој дури ја платил новогодишната прослава на 1 јануари 2018 година на Зоран Заев со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во Солун. Впрочем, Зоран Заев во најавата за оставка поради катастрофалниот пораз во вториот круг на локалните избори на прес-конференцијата на 31 октомври 2021 година изјави: “Должност ми е да искоментирам, дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и заради економски причини, дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се, газди на градежни компании заради идни лични финансиски интереси и планови.“ Кои пари и од кои извори од надвор дојдоа тие пари, остана неодговорено прашање, јавното обвинителство одамна е умрено, најверојатно алузијата беше, можеби повторно ќе се користи: Руски се парите! Така е тоа кога се брка бабарога, за да се прикријат сопствените слабости и криминали.
Се разбира, позади се’, стои ЦИА од Калето. Муртино и Таче се само фасада на дип стејт во Македонија тогаш со титуларот Џес Бејли, денес Кејт Мери Брнз. Ајде со ред…
Зоран Заев, јули 2018 година, за американскиот портал BuzzFeed News изјави дека има сознанија дека грчки бизнисмени со руски пари финансирале протести во Македонија против промена на државното име Македонија.
Заев ги обвини комитите дека земале руски пари од грчкиот бизнисмен со руско потекло, да протестираат против промената на името?! Демек, така го информирале, од полициските белешки, самите комити тоа го потврдиле во полициските распити…
А “донаторот“ да ти бил никој друг, туку грчкиот бизнисмен Иван Савидис, мултимилијардер, прв другар на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на лидерот на владината партија АНЕЛ, Панос Каменос, министерот за одбрана во тоа време.
Патем, Иван Савидис е грчки Понд, човек кој е сопственик на најголемата руска тобако фабрика, бизнисмен кој тежи околу 2 милијарди евра!
Рускиот бизнисмен од грчко потекло, Иван Савидис, демантираше вмешаност во наводни протести против договорот за името Македонија во Скопје и негираше дека платил 300.000 евра на македонски политичари и навивачи.
“Јасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема ништо со она што се споменува во лажниот и крајно клеветнички текст. Во следните часови, искористувајќи ги сите правни средства, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава“, – соопштија од групацијата компании на Савидис “Димера груп“.
Да биде заплетот поконтроверзен, своевремено, Иван Савидис му ја платил и прославата за Нова година на Зоран Заев и неговото друштво, во хотел на Иван Савидис во Грција!
За волја на вистината, пак, Зоран Заев потпиша договор за велепредавство со Алексис Ципрас (прв другар на Иван Савидис), за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Не заборавајте, станува збор за најголема коруптивно лукративна зделка на милениумот… Ви текнува Киро Глигоров во своите мемоари како го обвинуваше Љубомир Фрчкоски за парите, амфорите и часовниците од грчкиот разузнувач генералот Николаос Грилакис за промена на името? Тоа за Љубомир Фрчкоски го тврдеше и Стојан Андов во неговите мемоари…
Наградното прашање е: Кој е натрапникот во оваа криминална приказна на муртинското подземје – Зоран Заев, Алексис Ципрас, Иван Савидис, Панос Каменос, Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов, Киро Глигоров или Комитите?
Се разбира, Амбасадата на Русија во Скопје ваквите изјави на Зоран Заев ги оцени како политички неодговорни.
“Изјавата на Заев ја става под прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сè повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, – реагираше тогаш Амбасадата на Русија во земјата, објавена на нивниот официјален профил на “Твитер“.
Се огласи и руското министерство за надворешни работи со исти реакции.
И замислете, Трамп и Путин заседаваа, ја кроеја новата геополитичка карта на мултиполарниот свет, Зоран Заев, муртинскиот црпнат од нива, водеше, исто и неговиот наследник Таче, антируска хајка по диктат на тогашниот експонент Џес Бејли, своевремено протеран од Турција, од Таип Ердоган, поради обиди за дестабилизација на Турција! А, Атина наградува руски генерали… Пародија… Внимавајте: Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано! Кои идиоти ја водат државата, просто да не верува човек…
И кога ќе се врати филмот, дека НАТО ја бомбардираше Србија од 24 март до 10 јуни 1999 година, а САД ја спонзорираше војната на ОНА и ОВК во Македонија од 11 јануари заклучно со 26 септември 2001 година, со боринче да го бараш “руското влијание“ во Македонија нема да го најдиш!
Е затоа: НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! Крај на оваа корумпирана антимакедонска Влада! Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Амин!

Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.