August 18, 2022

Фото вест: Екс министерката Ангеловска се сонча на Миконос

Нина Ангеловска е активна на социјалните мрежи каде постојано објавува фоторграфии од активностите во кои таа учествува, како и дестинациите на кои таа ужива. Претходно Ангеловска беше на Малта, па веднаш потоа замина на островот Миконос. Инаку, Нина Ангеловска покрај тоа што беше министерка за финансии, е и претприемач и претседател на Македонското здружение за е-трговија. Таа беше ко-основач и беше на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Grouper.mk, лансирана во 2011 година која го трансформираше пазарот за е-трговија. Во 2019 била прогласена за една од седумте глобални жени застапнички на е-Трговија на UNCTAD.

Leave a Reply

Your email address will not be published.