July 2, 2022

Пациентка од психијатриската болница во Демир Хисар тешко повредена откако испаднала од болничко возило

Настанот за кој денеска информира СВР Битола се случил синоќа нешто по полноќ. Имено 43 – годишната пациентка на психијатриската болница во Демир Хисар се здобила со тешки телесни повреди откако испаднала од болничкото возило марка „Рено“ со битолски регистерски ознаки, кое ја транспортирало болната кон Битола. Настанот се случил на крстосницата за с. Кутретино. 

Возилото го управувал вработен во демирхисарската психијатриска болница, 34 годишно лице со иницијали И.Д. соопшти МВР. Во  возилото имало и медицинска сестра.

При контрола на повредената пациентка во Клиничката болница во Битола, и биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во полициското соопштение. 

Увид на местото на настанот извршил тим од полициската станица во Демир Хисар. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.