Општина Новаци спроведува второ прскање за адултивни комарци

Во моментот во Општина Новаци се спроведува второто прскање за адултивни комарци од првата фаза на редовната системска дезинсекција која ја врши Центар за Јавно здравје Битола. На почетокот на месец јуни се направи првото прскање наменето за ларвите. Втората фаза ќе се направи во месец јули а третата последна фаза од системската дезинсекција според планот на активностите е планирана за месец август.