July 2, 2022

Прес конференција на Движењето за Национално Единство на Турците

Предмет: Соопштение

Датум: 21.06.2022

Достава: до сите електронски и печатени медиуми

Врз основа на нецолосно објавениот француски предлог за надминување на спорот со Булгарија, Движењето за Национално Единство на Турците до јавноста во Македонија го издава следното :

С О О П Ш Т Е Н И Е

Како критична маса и совест на Турците во земјата, Движењето за Национално Единство на Турците отворено се сомнева дека францускиот предлог не му е непознато на владата на Македонија. Од увидот во објавените текстови од францускиот предлог најодговорно тврдиме дека тој предлог е штетен за државата и ѓи загрозува државните интереси на Македонија и сите нејзини граѓани. Рушењето на идентитетот и јазикот на Македонците во својата сопствена држава не може да биде предмет на рамковен договор за почеток за пристапното членство во ЕУ.

ДНЕТ смета дека без активно и директно учество на опозицијата превземање на било каква активност на владата за прифаќање но понудениот француски предлог ќе претставува капитулација и предавство од невиден размер. Ние како ДНЕТ целосно го отврламе овој предлог, бидејки претставува преседан во праксата на ЕУ за пристапно членство. Исто така барањето на Булгарија за внесување на Булгарското малцинство во уставот на РМ и некоји наводно поситни услови за нас се неприфатливи. Такво нешто е можно во колку само и само врз основа на реципроцитет т.е. внесување и на Македонците во Бугарија во Уставот на Бугарија. Доколку ДНЕТ има пратеник во собранието на РМ никогаш нема да гласа за овој француски предлог доколку и Македонците и Турците во Бугарија не се стават во Уставот на оваа земја.

Инсистираме Владата на РМ да се спаси од полтронство и да ги заштити интересите на државата одбивајки овој срамен предлог на Франција

Ердоган САРАЧ

Претседател

Leave a Reply

Your email address will not be published.