July 2, 2022

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс.

На средбата на која присуствуваше и почесниот унгарски конзул во Битола Сашо Јанакиевски, се разговараше за повеќе важни проекти кои треба да се реализираат во општина Битола, меѓу кои и изградбата на пречистителна станица, проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, како и можностите за зајакнување на соработката помеѓу Битола и градовите во Унгарија, во повеќе области, меѓу кои економскиот развој, спортот и културата.

Во насока на понатамошно заедничко делување, на денешната средба се разговараше и за започнување на постапка за збратимување на Битола со град од Унгарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.