July 2, 2022

Заврши меѓународниот фудбалски ‚‚Еден на еден Могила куп‘‘

Финале на меѓународниот фудбалски Еден на еден Могила куп.

Честитки за организацијата до фудбалската школа Еден На Еден Могила, заедно со луѓето кои беа вклучени во организацијата, со помош на општина Могила интензивно се подготвуваа неколку месеци за се ова прекрасно да изгледа.

Како градоначалник давам целосна поддршка за овој настан, заедно со организаторите ќе се потрудиме за истиот да прерасне во долгогодишна традиција.

Ќе вложуваме во спортот за младите да останат на патеките на кои тргнале од најрана возраст.

Пред се да се реализираат како здрави личности, а потоа како професионални спортисти.

Пофалните зборови и честитики за организацијата од страна на учесниците и присутните од многу градови низ Македонија од Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Куманово, Кавадарци, Кичево и Штип ни даваат мотив за наредната година да бидиме уште подобри и да даваме поддршка како локална власт.

Се потрудивме да ги обезбедиме сите услови за да ја претставиме општина Могила во најдобро светло.

Могила и регионот пулсираше во ритамот на Еден на еден Могила куп.

72 екипи се натпреварува на овој турнир, над 1000 деца учествуваа, над 150 натпревари се одиграа овие три дена.

Честитки до шампионите во сите возрасни категории.

Им гичеститам освоените места на учесниците и на нивните тренери и им посакувам многу успех во иднина.

Спортски поздрав и се гледаме следната година!

Драганчо Саботковски, градоначалник

Leave a Reply

Your email address will not be published.