July 2, 2022

ЈП Комуналец ги осветлува пешачките премини со лед осветлување

ЈП Комуналец и Општина Битола започнаа со реализација на проектот кој ќе придонесе за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.
На 6 локации на улицата Васко Карангелевски, поставено е дополнително, ново лед осветлување, со што осветлени се пешачките премини.
Покрај осветлувањето на хоризонталната сигнализација, активностите продолжуваат со подобрување на вертикалната сигнализација и поставување на сообраќајни знаци со лед осветлување.
Проектот продолжува да се реализира на сите поголеми сообраќајници во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.