July 2, 2022

ДО МОДЕРНИ ОПШТИНИ ПРЕКУ ПРИМЕНА НА ПРАКТИКИ ОД СВЕТСКИТЕ МЕТРОПОЛИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес присуствуваше на Меѓународниот форум на градоначалници, насловен „Модерна општина“ кој се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На форумот, градоначалниците од општините во нашата држава, заедно со градоначалници од повеќе општини од други држави, како и реномирани професори и експерти, дебатираа во врска со потребата за модернизирање на македонските општини и идните проекти кои треба да се имплементираат, како важен услов за успешен развој и напредок.

Енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, чистата животна средина, модерната инфраструктура, како и локалниот економски развој, беа дел од темите на кои беше ставен посебен акцент, како приоритетни области во кои треба да бидат преземени конкретни чекори и континуирани активности, со цел општините во Македонија да станат модерни и европски, согласно позитивните практики од градоначалниците од светските метрополи кои се применливи и неопходни за нашите општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.