Дуле Груевски : “Repeticio est mater studiorum..” (повторувањето е мајка на знаењето)

Пост кој ја опишува Битола од авторот Дуле Груевски:

Битола, град кој се наоѓа на 15км од ЕУ, под најстариот нац.парк на балканот со најубавите падини и најразновиден животински и растителен свет. Неверојатен простор за спортски туризам, како и чудесно прекрасни планински езера. Град во непосредна близина на најголемата житница и најголемиот комбинат за снабдување со електрична енергија. На 30 км од Преспанско езеро кое се наоѓа на 800м надморска висина. Град изграден на темелите на старата Хераклеја. Град во кој газеле великани. Од Филип Македонски до таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк. Првата камера на балканот, град на клавирите и на модата во овој дел од Балканскиот полуостров. Град со постоечки и функционални објекти стари повеќе од 5 века, како што е безистенот. Град со одлични предиспозиции и потенцијал за развој на речи си секоја општествена гранка. А каде е сега..? Во каква состојба го донеле и го носат “неписмените”…?
Неверојатно богата историја, ниту еден градски инфо центар или градски туристички водич, без ниту една градска мапа….
Национален парк со неверојатен потенцијал на зимски спортови, а речи си НУЛА сместувачки капацитети или услови за истиот..
Најголема житница, ама најзагадена почва..
Најголем енергетски капацитет, во исто време најголем загадувач од индустријата..
Град на клавирите, во кој музичкото училиште нема “асолно” наштиман клавир и истото ги едуцира идните музички уметници во крајно несоодветни услови и за учениците, но и за професорскиот кадар, без кабинети и без доволен број на инструменти…
Град на клавирите, а ниту еден државен фестивал или било каков настан во таа насока, настан кој би бил специјализиран само за клавирот…
Изграден на темелите на Хераклеа, стариот град за кој не се води НИКАКВА ГРИЖА и кој во одредени денови нема ни домаќин ни соодветен водич во истиот…
Некогаш град на пајтоните, денес град на сообраќен метеж…
Некогаш град на модата, денес град на “ефтиното” во секоја смисла на зборот..
И ич да не берите гајле.. Можат тие уште повеќе да ја разнебитат нашата Битола, само дајте им време и секако, глас на изборите…

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdule.gruevski%2Fposts%2F10214677734606367&width=500″

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *