July 2, 2022

ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА КОНСОЛИДАЦИОНО ПОДРАЧЈЕ ЕГРИ

Како дел од 13 Меѓународна работилница „ЛЕНДНЕТ“ за консолидација на земјиште и земјишно банкарство, денес беше организирана теренска посета на консолидационото подрачје во село Егри, предводена од проектот „МАИНЛАНД“, со цел директно од земјоделците да се слушне за нивниот бенефит од овој проект.

На средбата со земјоделците, за време на теренска посета во Егри, пред присутните говореа градоначаникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегацијата на Европската унија и ФАО.

Селото Егри беше претставено како прв успешно завршен македонски проект за консолидација на земјиште по принципот на распределба со промена на границите. Егри е пример за успешна консолидација и во меѓународни рамки. Тука подобрената структура на земјоделското земјиште беше надополнета со инвестиции во земјоделска инфраструктура за подобрување на пристапните патишта, каналите за одводнување и наводнување, со финансиска поддршка од Европската Унија во висина од 500.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.